Новиот состав на Конгресот започнува со работа во среда

Новиот состав на Конгресот започнува со работа во среда

Републиканците најавуваат дека ќе се насочат на трошење помалку пари и намалување на големината на владата до 2012-та година, кога ќе се одржат наредните претседателски избори

Републиканските законодавци велат дека ќе се фокусираат на намалување на националниот долг и трошоците на федералната влада кога новиот, 112-ти по ред состав на Конгресот ќе започне со работа во среда.

Во интервју за ТВ-мрежата Ен-Би-Си, долгогодишниот републикански сенатор Линзи Греам потенцираше дека републиканците во Конгресот треба да се насочат на трошење помалку пари и намалување на големината на владата до 2012-та година, кога ќе се одржат наредните претседателски избори.

Републиканците добија мнозинство во Претставничкиот дом на конресните избори во ноември. Тие освоија и нови места во Сенатот, но овој дом и натаму е под контрола на демократите.

Демократскиот конгресмен Елаја Камингс, кој ќе биде највишиот по ранг член на својата партија во Комисијата на Претставничкиот дом за контрола и реформи, неделата изјави дека републиканскиот учинок на изборите сигнализира дека гласачите сакаат демократите и републиканците да работат заеднички.