Повеќе аеробик – помалку настинки

Повеќе аеробик – помалку настинки

Кога телото се раздвижува одредени бели крвни зрнца се раздвижуваат по крвотокот во потрага по натрапници од типот на вирусите што можат да причинат настинки

Во најновата студија на Државниот универзитет Апалачи во Северна Каролина за врската меѓу честите аеробик-вежби и настинките биле опфатени околу 1.000 лица кои воделе белешки за нивната секојдневна физичка активност.

Раководителот на истражувањето Дејвид Ниман вели дека доколку се практикува 20 минути и повеќе, секојдневното аеробик-вежбање е доволно за забрзување на работата на срцето и да предизвика потење.

„Луѓето кои ја практикуваат ваква рутина пет дена во неделата, во период од 12 недели, се со 40% помали шанси да се разболат.

Нилман наведува дека, разбирливо, ова важи само доколку се контролираат и другите факори како исхраната, телесната тежина, образованието и полот.

Според студијата, пет аеробик-сесии од околу 20 минути навидум даваат најдобри резултати. Оние кои не вежбале толку често имале поголеми шанси да настинат.

Ниман објаснува што се случува кога телото се раздвижува – одредени бели крвни зрнца се раздвижуваат по крвотокот во потрага по натрапници од типот на вирусите што можат да причинат настинки и други респираторни инфекции.

„Повеќето имунолози ова го интерпретираат како подобрен имунолошки надзор или способност на имунолошкиот систем да ги открие, а потоа да справи со патогенските елементи и да ги уништи“, вели Ниман.

Обичната сезонска настинка е една од најчестите болести во многу делови од светот. Според една студија, економскиот товар од неа, само во САД, е проценет на 40 милијарди долари.

Истражувањето на Дејвид Ниман е објавено во Британскиот журнал за спортска медицина.