САД и Јапонија се согласни дека „целиот свет“ мора да почне да развива нови извори за ретки минерали по добивањето на „повик за будење“ од страна на Кина.
Американската државна секретарка Хилари Клинтон и нејзиниот јапонски колега Сеиџи Маера ова го изјавија по средбата во Хаваи.
Јапонските трговци се жалат дека Кина, која контролира преку 95 проценти од светските набавки, ја задржувала доставата на минерали за време на спорот околу јапонското апсење на капетан на кинески рибарски брод.
За Клинтон, ова е првата станица од двонеделната азиско-пацифичка турнеја, на која ќе посети седум земји, вклучувајќи го и Виетнам, на овонеделните средби на јужноазиските лидери и Источно-азискиот самит.