Клинтон предводи виша делегација во Мексико

Hillary clinton

Во делегацијата која е во посета на Мексико Сити се и секретарот за одбрана Роберт Гејтс, секретарката за државна безбедност Џенет Наполитано и началникот на Здружениот генералштаб, адмиралот Мајлл Малин.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон е на чело на делегацијата на ниво на владин кабинет која во Мексико има средби посветени на безбедноста, а до кои доаѓа по убиството на три лица поврзани со Конзулатот на САД во мексиканскиот град Сиудад Хуарез.

Во делегацијата која е во посета на Мексико Сити се и секретарот за одбрана Роберт Гејтс, секретарката за државна безбедност Џенет Наполитано и началникот на Здружениот генералштаб, адмиралот Мајлл Малин.

Белата куќа соопшти дека претседателот Барак Обама понеделникот разговарал со својот мексикански колега Фелипе Калдерон, подвлекувајќи ја заложбата за цврсти билатерални односи. Обама ја истакнал и важноста што ја придава на борбата против мексиканските кримучари на дрога и оценил дека средбите на американската делегација ќе бидат можност да се надгради соработката меѓу двете земји

Помошник-државниот секретар за Западната хемисфера Артуро Валенсуела петокот изјави дека разговорите ќе се одржат во дух на „најголема почит за мексиканската чувствителност и мексиканскиот суверенитет“. Според Валенсуела, САД имаат споделена одговорност во ставање крај на насилството поврзано со дрога што дивее на северната граница на Мексико.