Клучни американски претставници ја подвлекоа определбата Вашингтон да остане пацифичка сила, еден ден по разговорите со австралиските колеги.
Американската државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека САД се „и пацифичка, и атлантска сила“. Таа со секретарот за одбрана Роберт Гејтс во понеделникот се сретна со австралискиот министер за надворешни работи Кевин Руд и министерот за одбрана Стивен Смит.
САД и Австралија се согласија да формираат работна група за изнаоѓање на различни опции за поблиска воена соработка, по можност заеднички воени вежби и користење на австралиските пристаништа, аеродроми и воени бази од страна на американските сили.
Гејтс истакна е дека прерано да се шпекулира за детали, но дека целта е „зголемено присуство на САД во Азија“.