Канадски брачен пар подари 11 милиони долари добиени лотарија

Канадски брачен пар подари 11 милиони долари добиени лотарија

Ален и Вајолет самите се опишуваат како едноставни, народни луѓе кои никогаш немале многу пари и се среќни кога живеат скромно.

Некои луѓе кои одеднаш стануваат богати заради пари добиени на лотарија, купуваат автомобили, куќи, бродови и секакви луксузни нешта. Но, ретко кој би постапил како Ален и Вајолет Ларџ. Се` што добија на лото, го дадоа во добротворни цели.

Оваа брачна двојка од Нова Скоша, Канада во јули на лото доби 11 милиони долари. Откако задржале речиси 2% од парите за итни потреби, овие 70-годишници последниве три месеци ги минаа доделувајќи го остатокот во добротворни цели.

Цркви, засолништа за животни, пожарникарни служби, болници и локалниот Црвен крст се меѓу оние во Нова Скоша кои добија од парите.

Ален и Вајолет самите се опишуваат како едноставни, народни луѓе кои никогаш немале многу пари и се среќни кога живеат скромно. Велат, го имаат она што им е потребно – самите себеси и љубовта.