Обама разгледувал неколку опции пред нападот на резиденцијата на бин Ладен

Обама разгледувал неколку опции пред нападот на резиденцијата на бин Ладен

Американски официјални лица велат дека целта не била да се фати бин Ладен жив

Американски претставници велат дека претседателот Барак Обама разгледувал неколку опции, пред да даде наредба за отпочнување на акцијата во која беше убиен лидерот на Ал Каида Осама бин Ладен. Меѓу неговите соработници имало различно мислење за тоа каква акција да се изведе.

Претседателот бил против бомбардирање на резиденцијата на бин Ладен. Официјални лица велат дека таа опција би била помалку ризична за американскиот воен персонал, но притоа би било потешко да се потврди дали бин Ладен бил таму за време на нападот и убиен.

Американски претставници додаваат дека Обама ја разгледувал и можноста за натамошно чекање и мониторинг на локацијата како дополнителна гаранција за валидноста на разузнавачките информации дека навистина се работи за резиденцијата на бин Ладен. На крајот, претседателот дал зелено светло за операцијата, утрото, на 29-ти април.

На брифинг за новинарите во Белата куќа, раководителот на Канцеларијата за анти-теророризам Џон Бренан истакна дека за време на акцијата на елитната специјална единица целта не била да се фати бин Ладен жив. Претседателот Обама и неколкумина челнови на кабинетот ја следеле операцијата од Белата куќа. „Минутите“, рече Бренан, „минуваа како денови.“