Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен вели дека Алијансата е подготвена да помогне во обидите на авганистанската влада за мировни разговори со Талебан.
Расмусен четвртокот во Брисел кажа дека силите под раководство на НАТО во Авганистан се подготвени да дадат „практична помош“ во обидот за помирување, но притоа не соопшти детали. Па сепак, првиот човек на НАТО кажа дека Алијансата ќе го одржи армискиот притисок врз Талебан.
Овој коментар уследи откако претставник на НАТО средата кажа дека Алијансата помогнала да се обезбеди премин на талебански команданти во Кабул, како и дека тоа би било тешко без согласност на НАТО.
И американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс, и државната секретарка Хилари Клинтон четвртокот во Брисел соопштија дека ги поддржуваат напорите за помирување во Авганистан, но рекоа дека процесот е „комплексен“ и дека може да заврши без успех.
Во Кабул, еден од главните советници на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи го повика НАТО да го поддржи миовниот процес. Мухамед Масун Станекзаи побара НАТО-силите да прекинат со акции во областите каде милитантите се подготвени да започнат разговори.