Конгресот одобри пари за зголемувањето на трупи во Авганистан

Конгресот одобри пари за зголемувањето на трупи во Авганистан

Со 308 гласови „за“ и 114 „против“ законодавците ја усвоија легислативата што треба да замине на потпис кај претседателот.

Американскиот Претставнички дом одобри мерка во висина од 59 милијарди долари за трошоците по наредбата на претседателот Барак Обама за зголемување на бројот на војниците во Авганистан.

Со 308 гласови „за“ и 114 „против“ законодавците ја усвоија легислативата што треба да замине на потпис кај претседателот. Во мерката се вклучени 37 милијарди долари за трошоци поврзани со испраќањето на дополнителните 30.000 трупи во Авганистан и финансирање на други издатоци во Ирак. Сенатот веќе ја усвои оваа легислатива.

Конгресот од 2001-ва, наваму, има одобрено преку еден трилион долари за двете војни.

Преку 100 демократи гласаа против мерката. Одредени демократски законодавци рекоа дека обелоденувањето на илјадници документи на Пентагон од страна на веб-страницата „Викиликс“, го вратило нивниот скептицизам за напредокот на војната во Авганистан. Од друга страна, мерката наиде на голема поддршка кај републиканците. „Против“ гласаа само 12 републиканци.