Целна група на асоцијацијата „Женска акција“ беа жените-Албанки
„Презадоволни сме од интересот на жените за материјалот што им се презентираше на десетдневната обука, како и од нивната заинтересираност и понатаму да ги посетуваат обуките предвидени со проектот. Токму затоа, ни дозволија да ги пополниме слободните места кои останаа од нашите партнери со жени од нашиот клуб. Ние испративме 44 наместо 20 жени, исто како и на обуката за самовработување, каде испративме двојно повеќе“, се вели во Извештајот на Асоцијацијата за унапредување на статусот на жената во современите општествени процеси во Република Македонија „Женска акција”, која во соработка со SEED - фондацијата од Холандија и „Junior Achievement Macedonia“ – Скопје, а преку Клубот за невработените жени од етничките малцинства, успешно го спроведе проектот "Обука, медијација и самовработување", чија целна група беа невработени жени – етнички Албанки од Скопје, на возраст од 18 до 45 години.
Целта на проектот кој започна во ноември 2012-та и завршува следниот месец, беше да се стимулираат и охрабрат 300 жени од етничките малцинства во Македонија, Албанки, Ромки и Турчинки да влезат на пазарот на трудот, преку обука како да најдат работа, посредување при барање на работа, курсеви за професионално и стручно оспособување и обука за самовработување и отварање на сопствена фирма.
Претседателката на „Женска акција“ и локален кординатор на проектот, Драгица Милошевска, за Гласот на Америка на македонски јазик, изјави:
„Голем предизвик и убаво искуство беше работењето на овој проект. Иако живеам во опкружување на население од албанска националност, во кое сум дел од помалку од 1% Македонци, и иако бев со убедување дека поради добрососедските односи, одлично ги познавам Албанците, нивната култура, нивните обичаи, за време на обуката произлегоа многу интересни случки за кои и не претпоставував дека се` уште се негуваат во оддделни средини. За една девојка или жена да пристапи во Клубот на обука, понекогаш морав да се сретнам со татко и, или со сопругот, а понекогаш и со постариот брат или и со најстариот во семејството, кого Албанците милуваат да го наречат дедо или аџија. Се случуваше и некои од жените, првиот ден од обуката да ме држат за раце. Беа во грч, но потоа, се опуштаа и се вклопуваа. Имаше една девојка од втората обука, која петтиот ден удри со раката по клупата пред неа, и рече: Јас веќе не седам дома, готово е! Денес девојката работи во бутик за венчаници...“
Според извештајот од проектот, сите 67 жени-учеснички успешно ја завршиле десетдневната обука во Клубот на „Женска акција“. Петнаесет завршиле обука за самовработување и во тек им е пишувањето на бизнис-плановите, 44 жени посетувале обуки за фризерки, козметичарки, сметководители, шивачки. Некои се веќе вработени во супермаркети или училишта.
Според Линдита Исени, десетдневната обука во мај минатата година, ја спроведувале инструкторки кои и самите имале обука од меѓународни тренери.
„Презентациите во Power Point беа многу интересни и сликовити. Вежбите се изведуваа во една опуштена и ведра атмосфера во дворот на Клубот, каде бевме опкружени со цвеќиња, покрај езерце... Преку учењето имавме можност да дружиме.... Јас се определив за фризерка, што секогаш ме привлекувало. Ако добро ми појде занаетот, ќе зборувам со семејството, во еден дел од куќата да отворам фризерница.“
И Андријана Мемед е задоволна од десетдневна обука:
„Обработивме многу теми кои понатаму ќе ни помогнат, на пример, како да следиме повици за работа, како да пријдеме и разговараме со работодавачи, имавме и обука за самовработување, како и практична работа во книговодствено биро каде научив како се води фирма, учев за книжење на изводи и фактури и за архивирање на документи“.
Понатамошните чекори во поглед на вработувањето ќе зависат од економската ситуација, вели координаторката Милошевска.