Тврди дека не станува збор за притисоци и додава: „Законот вака поднесен, ако не го поддржеа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, немаше ни да се изгласа“.
СКОПЈЕ —
Контроверзите околу пресудата за новинарот Томислав Кежаровски покренаа дебата во јавноста за квалитетот на законот за заштита на тајните сведоци според чиј член Кежаровски доби затворска казна во висина од 4,5 години.
Неодамна, претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, кој е дел од парламентарното мнозинство, иницираше во итна постапка измени на овој закон. Сепак, денеска, по барање на пратениците од парламентарното мнозинство, го повлече Предлог-законот за изменување на законот за заштита на сведоци од дневниот ред на собраниската седница. Според Трајанов, сега законот треба да се донесе во редовна постапка, наместо по скратена, како што беше неговата првична замисла.
„Законот вака поднесен, ако не го поддржеа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, немаше ни да се изгласа. Не станува збор за притисоци. Ги молам сите пратенички групи доколку имаат одредени забелешки и сугестии или какви било предлози, да ги достават до предлагачот до 27 ноември. Анализите покажуваат дека е неопходно да се степенува одговорноста на лицата што ќе објават податоци за заштитен сведок. Повисок степен на одговорност треба да имаат тие што по службена должност - јавни обвинители, судии или припадници на полицијата, го дознаваат вистинскиот идентитет на заштитениот сведок, за разлика од другите што го дознале на поинаков начин“, вели Трајанов, кој би прифатил за лажно сведочење на прикриениот сведок и доживотна затворска казна, доколку тоа сведочење нанело тешки последици и обвинетиот е осуден на казна затвор над 10 години.
Опозицискиот СДСМ, кој даде зелено светло за првичниот предлог на Трајанов, денес истапи со реакција во која се вели дека иницијативата била лицемерие и обид на премиерот Никола Груевски да се извлече од критиките кои поради пресудата на Кежаровски беа упатени од меѓународните фактори.
„Објаснувањето на Трајанов дека ги повлекува измените по барање на ВМРО-ДПМНЕ е скандалозно признание за класичен притисок од институцијата премиер врз институцијата пратеник. Наивно е да се мисли дека некој ќе поверува оти Трајанов, кој е коалициски партнер на Груевски, не знаел дека му треба поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, кога наводно самоиницијативно ги предложи Предлог-измените на законот“, стои во реакцијата на СДСМ.
Според процедурите во Собранието, сега откако Трајанов ќе го достави во Собранието предлог-законот да се донесе во редовна постапка, најпрвин треба да се отвори расправа за потребата од изменување на законот за заштита на сведоци. Доколку биде утврдено дека постои потреба од такво нешто, Предлог-законот потоа ќе оди на комисиска расправа. Дури потоа тој може да биде ставен на дневен ред на некоја собраниска седница, онаму од каде што денес беше повлечен.