Tензиите во Општина Центар ќе ги смируваат Жерновски и поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан
Цела ноќ траеше бурната седница на советот на општина Центар, проследена со жестоки протести на членовите на граѓанското здружение „Веритас“ кои се спротиставуваат, како што велат, на измените на деталниот урбанистички план кои ќе довеле до уривање на започнатата градба на црквата Св. Константин и Елена.
Точката на дневиот ред со која се предвидуваат измените на планот сепак не успеа да дојде на ред за расправа и тоа се очекува да се стори во текот на денот.
По бурната ноќ во општинските бараки, градоначалникот на Општина Центар најави дека ќе се сретне со Архиепископот на МПЦ, г.г. Стефан.
До средбата, што беше закажана за 10 часот утринава, не дојде, поради смртта на владиката Кирил.
Во текот на вчерашниот ден имаше силни протести при што две лица беа повредени.
Толпата граѓани се обидуваше да помине преку полицијата и да упадне во просториите на општината. Во еден момент дојде и до судир помеѓу полицијата и демонстрантите кога толпата успеа да урне дел од оградата на општината и да влезе во дворот.
Кога од полицијата беше расчистен дворот на општината, демонстрантите останаа надвор и бараа да се симне спорната точка од дневниот ред:
„Додека легално, правно, не се симне спорната точка, да се стави ад акта тој проблем, на чесен збор во денешно време посебно на Жерновски не му веруваме, затоа што многу работи ветил, а ништо не остварил досега. Сакаме да видиме легално тоа да се направи, да се симне ДУП-от од дневен ред, точката со црквата, со сè, дека нема да се смени правниот статус односно, да стане дивоградба“, вели Соња Зашовска, претставничка на граѓанската иницијатива „Веритас“.
Демонстрантите фрлаа со јајца и домати по бараката во која се одржуваше седницата на советот и скршија неколку прозорци.
Градоначалникот Андреј Жерновски веќе неколку дена порачува дека црквата Св. Константин и Елена нема да биде урната и дека такво нешто никогаш не било планирано.