„Чест ми е што ќе раководам со Министерството за одбрана!“, изјави новиот министер, досегашниот пратеник на ДУИ, Талат Џафери, кој за време на воениот конфликт во 2001-та, се бореше против АРМ и против единиците на МВР
„Ми претставува голема чест и задоволство да раководам со Министерството за одбрана се` до успешното заокружување на реформите и модернизацијата на АРМ“, изјави денес новоизбраниот министер за одбрана, Талат Џафери на примопредавањето на функцијата од неговиот сопратиец од ДУИ, Фатмир Бесими.
Свеченото примопредавање започна со интонирање на македонската химна од армискиот оркестар, а потоа досегашниот и новиот министер за одбрана пред Гардата се обратија и на албански и на македонски јазик.
Досегашниот челник на МО, Бесими, кој е универзален кадар на ДУИ за министер и кој сега го презема Секторот за евроинтеграции во Владата, во својот поздрвен говор, ја истакна заслугата на ДУИ за зголемување на застапеноста на етничките Албанци и на помалите етнички заедници во АРМ:
„Армијата на Македонија во овие 10 години, врз база на Уставот во кој е имплементиран охридскиот Рамковен договор, успеа да ја подобри правичната застапеност од 5% на 27% на немнозинските заедници“, рече Бесими, според кого, во иднина, согласно со последниот попис, застапеноста треба „да достигне 36%“.
Новиот министер Џафери, истакна дека ќе настојува да придонесе „Армијата во секоја нејзина димензија да ја рефлектира реалноста на нашата држава, да биде симбол на меѓуетничкиот соживот, толеранцијата и да биде за почит за различностите како и за помирување меѓу етничките групи“., Сепак, според ТВ Телма, Џафери не го прочитал крајот на говорот: „Да живее Армијата на Република Македонија!“.
Така, за изборот на Џафери за министер за одбрана кој предизвика жестоки протести во етнички-македонскиот дел од јавноста, пред се`, кај припадниците на безбедносноте сили на Македонија од АРМ и МВР, прoтив кои Џафери војуваше во 2001-та, најверојатно, допрва ќе следуваат реакции. Досега, бурно протестираше лидерот на партијата Достоинство, ранет во конфликтот од 2001, Стојанче Ангелов, кој ја потенцираше „згрозеноста на неговите соборци“ од самата можност некогашниот „командантот на УЧК да застане на чело на Армијата против која војуваше“.
Иако Ангелов апелираше пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да не го гласаат предлогот за новата функција на Џафери и да не им ставаат на бранителите „сол врз раната“, по образложението на премиерот Никола Груевски дека „заклучувајќи според нивното образование и професионално искуство, тие успешно ќе ја вршат фунцијата“, вчера Собранието, без присуство на етнички-македонската опозиција, и без дискусија на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, го изгласа предлогот што го оспоруваа и пратениците од албанските опозициони партии ДПА и НДП. Со 64, односно 65 гласови „за“, нови министри за одбрана, за евроинтеграции и за локална самоуправа, станаа Џафери, Бесими кој ќе биде и вицепремиер, и Тахир Хани.
Единствени реакци во Собрнието имаше од албанската опозиција, особено кога пратеничката на ДПА, Мерал Узеири-Ферати, го праша Џафери - дали ќе може како ознака на мултинационалноста да им стави албански национални капи - кечиња на гардистите на АРМ. „Досегашните статисти ги заменувате со нови статисти... ДУИ ја измисли професијата министер. Некои министри ќе се испобунат утре во кое министерство да дојдат на работа и каде да влезат“, потенцираше Узеири-Ферати.
Иако дел од медиумите веќе протестираа заради понижувањето на Собранието од Владата, затоа што промовирањето на Џафери на новата функција беше закажано пред тој воопшто да биде избран од пратениците, се очекуваат и нови реакции за контроверзниот избор, особено по легендата „УЧК на чело на АРМ!“ под фотографијата на Џафери и Бесими, која според дел од медиумите и социјалните мрежи е објавена на официјалната фејсбук страница на ДУИ.