Малата компанија „Мактоис“ ги изработува играчките на „киндерјајцата“
Сите во Македонија знаат што се киндерјајца, но малкумина знаат дека играчките што како изненадување се наоѓаат во овие чоколадни задоволства се произведуваат во Македонија. Македонската компанија „Мактоис“ е задолжена за изработка на играчките на кои им се радуваат децата во Европа и делови од Јужна Америка.
Русе Иљоски, сопственик и извршен директор на „Мактоис“ раскажува дека оваа успешна приказна започнала во 2006-та, иако идејата се родила многу порано, уште додека со неговото семејство биле во Италија. Но од идејата до производството на првите пластични жолчки со играчка во нив поминале повеќе години. Она што било клучно е упорноста на семејството Иљоски да бидат дел од овој бизнис. Изготвиле проект со сите можности и услови што ги нуди Македонија и им го презентирале на луѓето во „Фереро“. Иљоски признава дека на почетокот наишле на воздржаност, но нивната радост била огромна кога еден ден добиле повратен одговор- дека еден од најголемите брендови во областа на производство на чоколади е заинтересира за она што го нуди една мала компанија од мала земја на Балканот.
„Во 2006 добив повик, ме викнаа на состанок. Во октомври дојдовме заедно во Македонија, а десет дена подоцна ни побараа локација со нивни услови. Ни дадоа специјален водич по кој мораме да се држиме, со нивни стандарди и правила на игра, бидејќи ова се третира како храна, затоа што “жолчките” доаѓаат во директен контакт со чоколадото. Конечно, на крајот на октомври ни дадоа зелено светло да почнеме со доопремување на објектот по нивни стандарди. На 14 декември 2006-та ги произведовме првите парчиња играчки,“ раскажува Иљоски.
Она на што секојдневно се радуваат милиони деца се произведува во два погони, во тетовско Теарце и во Пехчево, од вредните раце на 230 работници. Се` се прави рачно и мора да е прецизно, за совршено да се вклопи во чоколадната обвивка, а играчката да не биде оштетена.
Иљоски се сеќава дека првата нарачка била за Новата 2007 година, со краток рок за изработка. Стотина луѓе за само 12 дена успеале да ја исполнат задачата, од која зависело дали Мактоис ќе остане во бизнисот. На 26 декември 2006 – та заминал првиот камион. Иљоски не знае што било пресудно Италијанците да се одлучат за Македонија наместо за Кина, каде најчесто се произведуваат продуктите на речиси сите светски компании. Веројатно блискоста до пазарот каде што се пласираат, вели тој.
„Ние сме брзи и експедитивни, можеме и имаме капацитети да испорачаме брзо. Кина има проблем со далечината. Контејнерите патуваат најмалку 40 дена. И да ги изработат Кинезите брзо нарачките, додека стасаат, им треба најмалку 50 дена, а ние можеме да одговориме за една недела. Тоа е предноста, зошто сме пред Кина. Секако, при изборот влијаат и други фактори, како на пример цената и квалитетот,“ вели Иљоски.
Иако веќе работат за голем светски бренд, семејството Иљоски не застанува тука. Две години од почетокот на Мактоис, ја формирал и компанијата „Техноштампа“ која произведува пластична амбалажа, а нивен клиент станува германската компанија за играчки „Булиленд“. Денес во погонот во Гостивар се произведуваат и играчки за оваа компанија кои се продаваат низ целиот свет. Но за Иљоски, кој со гордост го носи епитетот успешен бизнисмен, светот допрва ќе слуша. Тој од неодамна влезе во уште еден бизнис – плантажи со аронија произведена на органски начин, а резултатите од овој негов потфат ќе се видат следната година.

Ние сме брзи и експедитивни, можеме и имаме капацитети да испорачаме брзо.Русе Иљоски