Македонскиот репрезентативец постигна 4 поени
Атланта, во чии редови игра македонскиот интернационалец Перо Антиќ, синоќа загуби на домашен терен од Њујорк со 95:91. Антиќ играше неполни 13 минути, со учинок 4 поени и 5 скока.