Ќе учествуваат на заедничката вежба со инженерците на АРМ, наречена „Драгон гардијан 2017“
СКОПЈЕ —
Преку граничниот премин „Деве Баир“ денеска од Бугарија во Македонија пристигнаа 300 американски војници и преку 100 борбени возила, кои ќе учествуваат на заедничката вежба со инженерците на АРМ, наречена „Драгон гардијан 2017“.
Конвојот се упати кон Куманово каде и официјално беше означен стартот на вежбата, којашто во поголемиот дел ќе се одвива на „Криволак“ и во неколку градови во Македонија, каде е предвидена презентација на возилата на американската армија.
На „Криволак“ се закажани неколку активности, како изработка на писта за полетување и слетување на беспилотни летала по стандардите на американската армија и инженериско расчистување на терен од импровизирани експлозивни направи.