За Прибе работата допрва почнува

Your browser doesn’t support HTML5

Експертот на ЕУ Рајнхард Прибе, на работниот појадок со министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот Бујар Османи, ја нагласи неопходноста од засилен ангажман и мобилизација на релевантните институции во земјата

На средбата Димитров изрази благодарност за ангажманот на експертскиот тим на Прибе кој со прецизното детектирање на недостатоците во неколку клучни области, придонесе кон процесите за надминување на политичката криза.

Експертот пак беше воздржан, без официјални изјави и само кусо соопшти дека само што почнале со работа и допрва ќе видат што понатаму треба да се направи.

По средбата во МНР, Прибе замина во Mинистерството за правда, а na агендата се и посети на Mинистерствата за внатрешни работи и евроинтеграции, како и со најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

Неофицијално, Гласот на Америка дознава дека Прибе ќе го скенира и планот на Владата - „Патоказ“.

Прибе денеска заминува од Македонија, а според најавите, по средбите ќе биде објавена информација околу содржината на разговорите.