Тевдовски: Реални се прогнозите за раст од 3,2 отсто на македонската економија

Your browser doesn’t support HTML5

2018-та е пресвртна година дека економијата се движи во добра насока

Министерот за финансии Драган Тевдовски, е во посета на Вашингтон каде учествува на Пролетните средби на Светската банка и ММФ.

Тој беше гостин во студиото на Гласот на Америка и се осврна за економските аранжмани и предизвици на владата.

Според него, пораката од шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини, дека Македонија е на вистинска пакета, ќе ја раздвижи економијата и треба да ги поттикне фирмите и компаниите да ги зголемат активностите.