Професорот Фрчковски смета дека е неопходна смена на некомпетентни кадри

  • Лилица Китановска

Your browser doesn’t support HTML5

Фокусот во Северна Македонија сега се префрла кај владата. Професорот Љубомир Фрчковски за Гласот на Америка наведува неколку области каде е потребна итна акција по претседателските избори.

Операцијата „Метла“ е само еден момент од четири – пет демонстративни операции кои треба брзо да се направат, вели професорот Љубомир Фрчковски за Гласот на Америка на македонски.

„Првата е државната администрација. Таму се однесува операцијата „Метла“. Тоа е најочигледно. Таму има непотизам, но непотизмот толку не е проблем колку некојпат некомпетентноста, некоординираноста на владините главни министри и државни секретари од кои патат граѓаните. Реакцијата и на бизнисот е страшна, дека владата е некоординирана внатре. Мислам дека име моменти на корупција повторно и тие во таа смисла мора да бидат жестоки со прочистувањето“, вели тој.

Според Фрчковски мора да бидат сменети триесеттина судии. „Тие мора да сменат 30 - 35 судии. Не можат судот да го остават со Сваровски судии како ништо да не се случило и како Европа ни бара да не ги гибаме. Тоа не може така“, вели Фрчковски.

Исто така, според професорот, СЈО треба да остане во кондиција, а чекори се потребни и во однос на два или три закони од областа на безбедноста. „Последниот дел е два или три закона во областа на безбедноста. Значи, со прислушувањето е поврзано, ОТА итн. Тој комплекс им е веќе готов. Значи тие мерки мора да ги донесат веднаш“, вели тој.