Претседателот Трамп го честиташе Денот на независноста на Македонија

Macedonia independence day mk

Договорот од Преспа го отвора патот на Македонија до членството во НАТО и ЕУ, му напиша американскиот претседател Доналд Трамп на својот македонски колега Ѓорѓе Иванов, по повод Денот на независноста 8-ми Септември.


„Македонија има многу причини годинава да биде горда. Историскиот Договор од Преспа го решава долгогодишниот спор за името со Грција и го отвара патот на Македонија за членство во НАТО и во ЕУ. Договорот и членството на Македонија во НАТО ќе ги зајакнат безбедноста, стабилноста и просперитетот во целиот регион. САД се подготвени да ја поддржат Македонија, особено во претстојните разговори за Вашето членство во НАТО. Им посакувам се најдобро на македонските граѓани на овој посебен ден“, стои во честитката на претседателот Трамп, која ја објави Амбасадата на САД во Македонија.