Амбасадата во Вашингтон го прослави Денот на независноста

Your browser doesn’t support HTML5

Амбасадорот на Македонија Васко Наумовски го честита празникот и најави зајакнување на односите меѓу двете држави

Со дегустација на македонска храна и вино, дипломати од Македонија и од САД, студенти, новинари и гости од повеќе делови на Америка, го одбележаа Денот на независноста на Македонија, во Амбасадата на Македонија во Вашингтон.

Амбасадорот Васко Наумовски го честита празникот и најави зајакнување на односите меѓу двете држави.

„Одбележувајќи го Денот на современата македонска независност, се сеќаваме на се` она што ни е оставено од претходните генерации, како богатство што треба да го чуваме со цел да ги оствариме нашите надворешно-политички и национални приоритети во иднина“, рече Наумовски, честитајќи им го празникот на присутните гости.