Армијата помага на поплавените во Македонија

Your browser doesn’t support HTML5

Стотици принудени да ги напуштат домовите

Асошиетед прес, 4-ти февруари 2015-та. Македонските војници беа повикани да ја зајакнат одбраната од поплавите во време кога земјата се подготвува за нов бран како резултат на поројните дождови. Градоначалниот на Прилеп, Марјан Ристески, вели дека властите организирале сместување на жителите на околните села на сигурно место.

„Направивме натчовечки напори да успееме да спасиме некои населени места“, кажа Ристески.

Илија Маглоски, жител на селото Тројкрст, се надева дека временските услови наскоро ќе се подобрат.

„Досега тешко беше. Овие три-четири дена - опасно“ вели Маглоски.

Стотици беа принудени да ги напуштат домовите. Освен Источна Македонија, од поплави како резултат на поројни дождови и топење на снегот се погодени и јужниот дел на Албанија и северниот дел на Грција.