И опозицијата, и дел од стручњаците се сомневаат во искреноста на партнерите во Владата.
„Прашањето за предвремени парламентарни избори е секогаш отворена опција за СДСМ, што е сосема разбирливо, бидејќи ние сме опозициска политичка партија иако, морам да кажам, дека не верувам во оние јавно дадени изјави“, изјави претседателот на опозициониот СДСМ Бранко Црвенковски, по повод најавите дека кризата во владината коалиција и недоразбирањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ околу законските решенија за правата на припадниците на безбедносните сили и на припадниците на УЧК/ОНА од конфликтот во 2001-ва можат да доведат до предвремени парламентарни, а можеби и истовремено организирани, предвремени парламентарни и локални избори, наместо во март 2013-та, уште во октомври годинава.
Скептични беа и медиумите. Веднаш откако Генералниот секретар на ДУИ Абдулаким Адеми ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека со предлагање на поголеми права и бенефиции, само за припадниците на безбедносните сили, го прекршила договорот за формирање на Владата, и го доведе во прашање понатамошното учество на ДУИ во власта ако не бидат прифатени и нивните амандмани за правата и на припадниците на ОНА, и по остриот одговор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски - дека нема да дозволи „газење на македонското национално достоинство“, во дел од медиумите беа цитирани неименувани партиски извори според кои законот за бранителите треба само навидум да ги заостри односите меѓу партиите на власт. Односно, дека партнерите во владината коалиција создаваат фиктивна политичка криза, за да се предизвика паѓање на Владата и распишување предвремени парламентарни избори есенва, или, евентуално, заедно со локалните избори напролет.
Наводно, поради немање решенија за економската криза и за обединувањето на опозицијата, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ имале стратегија да го избегнат поразот на редовните избори во 2015-та, и, играјќи на картата на националистичката реторика, сакале да ја искористат се` уште постоечката предност од анкетите на јавното мислење.
Гласот на Америка на македонски јазик им постави прашање на неколкумина партиски неопределени професори и аналитичари за опачината на судирот меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, за (не)извесноста од предвремените избори, како и за можната разврска на кризата во Владата. На прашањето - дали се работи за договорено сценарио за наводна кавга меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, за да се испровоцираат избори во тајминг во кој нема да дојде до понатамошно опаѓање на рејтингот на владеачките партии и на нивните лидери, или заканата на ДУИ за напуштање на власта овојпат е вистинска, а законот за бранителите (парлалелно со заштитата на правата на припадниците на ОНА) е само последната капка во нарушените релации меѓу владеачките партии, од неколкумината поканети, ни одговорија професорката на Универзитетот на Југоисточна Европа д-р Мирјана Малеска, аналитичарот Суад Мисини и професорот на битолскиот универзитет д-р Јове Кекеновски.
Според професорот Кекеновски, „ова е уште еден доказ дека од мултитничка, Македонија се претвора во бинационална држава, во која одлучуваат една партија на Македонците и една партија на Албанците. Ова уште еднаш ја покажа немоќта на македонските политички партии да спроведат владеење на правната држава. Меѓутоа, последниве настани ја покажаа и сета немоќ на премиерот Груевски во вистинска смисла на зборот да се претстави како прв човек на извршната власт“.
Кекеновски смета дека „она што некој се обиде да собере политички поени пред сопствениот електорат, неочекувано излезе од контрола“ и дека по постапката на министерот Бесими следела избрзана реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
„Но, таа реакција беше само обид да се спаси што може да се спаси меѓу сопственото гласачко тело. Ако беше искрена реакцијата, премиерот Груевски, наместо да се лути како мало дете, можеше да побара разрешување на министерот Бесими, на што има право. Но, свесен дека нема политичка моќ тоа и да го спроведе во дело, оти министрите - етнички Албанци им одговараат само на лидерот Али Ахмети и на ДУИ, а не и пред премиерот, Груевски се обиде повторно да ја замајува македонската јавност со поднесување на законот за бранители. Јасно е дека беше свесен оти таквиот закон не може да помине без последици“, вели Кекеновски.
Според него, „се работи за политичка игра која излезе од контрола и сега може скапо да ги чини партнерите во власта. Сега веќе нема враќање назад! Ако Груевски под притисок на ДУИ го повлече законот, ќе ја покаже сета своја несериозност. А, ако случајно, со гласовите и на опозициониот СДСМ, кој правејќи си сеир, во парламентот би го подржал законот, тој и помине - неизбежен е распад на коалицијата. Ќе има нови избори, што ќе значи дека законот нема да заживее“, дециден е Кекеновски.
„Јас веќе шест месеци зборувам дека ќе имаме вонредни избори. Ако сте ги следеле моите изјави во медиумите, во повеќе наврати потенцирав дека постојат многу причини поради кои Никола Груевски сака избори. Зарем „мотивот“ некогаш бил проблем?“, изјави за Гласот на Америка на македонски јазик аналитичарот Суад Мисини, кој е дециден дека „од овој аспект, и не е важно дали последните несогласувања се фингирани или не. За мене е важно дека се менаџирани, осносно, планирани“.
„За мене веќе одреден период е јасно дека постојат поглобални причини поради кои ќе се случат предвремени избори (кои не се однесуваат само на проблемот со името, туку имаат и економско-финансиски заднини), а не некаков судир околу бранителите, што де факто претставува сензитивно прашање. Но, досега видовме како се решаваат повеќе сензитивни прашања. Така, и ова можело да се реши на соодветен начин и по соодветна политичка цена за двата партнера во власта, за која тие покажаа дека се подготвени да ја платат... Ако ова несогласување се реши со заокружување на законски решенија од кои двата партнера ќе бидат задоволни, тогаш ќе покажат дека нема фингирање и нема заткуслисна желба за предвремени избори. Но, ако не дојде до тоа, сето погоре кажано е валидно“, смета Мисини.
„Тоа што го спомнувам Груевски, подразбира дека ДУИ не сака избори. Понатаму, ДУИ веќе доволно ги расипа односите со опозицијата, така што било каков постизборен исход за нив е комплициран. Ако работите се „забегани“ до крај, зошто ДУИ не предизвика ново парламентарно мнозинство?! Тоа за нив би бил наједноставниот, најсигурниот и најевтиниот начин да останат на власт“, потенцира Мисини.
Професорката Мирјана Малеска за Гласот на Америка на македонски јазик за дилемите околу искреноста на коалиционите партнери во власта изјави: „Мислам дека во овој случај не се работи за договорено сценарио или „кавга“..., иако, откако излезе на виделина кризата, Груевски е со намера да го извлече најдоброто - нови избори! Не можам да кажам дали во ДУИ дознале за дискретното подготвување на законот за бранители, и сакале, преку министерот Бесими, да испратат порака, дека се и нивните „бранители“ тука, или, навистина се работи за искрени намери за помирување... Како и да е, ДУИ реши да напрви ризичен чекор за да се помести „рововската“ политика на Груевски. Стоиме во место! Албанците сакаат, а ДУИ и вети, интегрирање на Македонија во НАТО и ЕУ. Кризата сите не` погодува, а можеби Албанците ги погодува уште повеќе... Излегуваат од универзитетите нови, млади, пообразувани кадри и тие ја бараат се` погласно својата шанса...“
Малеска потенцира уште еден важен момент во контекст на кризата: „И по десет години, се` уште нема граѓанско помирување. Елитите на власт некако соработуваат, врз принцип на „поделба на пленот“, но тоа не е „споделување на власт и на одговорност што ја носи власта“. Барем не во мера која на земјата и` е потребна... Националистичката политика на ВМРО-ДПМНЕ само донекаде може да создаде сеопшта платформа за помирување и соработка. Таа по дефиниција е „национална“, што ќе рече се грижи само за Македонците... Без претходно помирување, законот за македонските бранители само ќе создава проблеми... Што е тоа помирување и како да се постигне? Е, па, прво треба отворено да се признае дека двете страни се виновни за конфликтот, а не само едната. Тоа е почетокот...“, смета Малеска.
На прашањето каква разврска на кризата предвидуваат, нашите соговорници даваат различни видувања. „Јас сум сигурен дека Груевски и Ахмети, сепак, ќе најдат заеднички јазик и дека ваквиот закон за права на бранителите нема да биде усвоен. Или, за брзо време ќе мора да помине и законот за правата на припадниците на УЧК, исто онака како што помина и автентичното толкување на Законот за амнестија. Што би рекле постарите: и волкот сит и овците на број“, ни изјави професорот Кекеновски.
Според аналитичарот Мисини, „на Груевски му се потребни нови избори и предвидувам дека такви ќе има. Сега, се работи само на тоа дали да се организираат веднаш, дали да се спојат со локалните, или и локланите да бидат предвремени, па двата избора да се случат истовремено, порано... И ова ќе го знаеме многу скоро... Сепак, имам сериозни причини да верувам дека со распишувањето на предвремени избори ќе влеземе во турбулентен и несигурен период, што ќе произведе далекусежни последици за државата. Тоа би можело да се превенира само со екразантна победа на која било страна на изборите, која би создала стабилна влада и би ги решила двата клучни проблема во овој момент; името и банкротот на државата“, смета Мисини.
„Дали Владата ќе падне? Не ми се верува, но заслугата не ќе биде ниту на Ахмети, ниту на Груевски. Ако ние сами не знаеме како да го сочуваме мирот и стабилноста, други ќе ни кажат. Не е случајно дојден господинот Рикер во Македонија, токму во овој момент...“, коментира професорката Малеска.