Како да се спречи екстремизмот во Македонија?

Your browser doesn’t support HTML5

Спречување на радикализацијата во Македонија

Поглаварот на ИВЗ смета дека има потреба од поефикасна соработка со државните институции

Минатата недела Кривичниот суд го осуди оџата Реџеп Мемиши на седум години затворска казна за учество и организирање паравојска и регрутирање за борби во Сирија. Овој случај во јавноста познат како Ќелија повторно ги актуелизираше индикации за постоење на исламски фундаментализам во Македонија. Поглаварот на Исламската верска зедница Сулајман ефенди Реџепи во повеќе наврати ги предупредуваше државните органи за постоење на елементи кои дејствуваат спротивно на исламското учење во некои џамии во Македонија. Во тој контекст за Гласот на Америка тој ја нагласува потребата од поефикасна соработка со државните институции.

Теологот и новинар Мухамед Зекири коj смета дека на ИВЗ треба да ѝ се овозможи превентивно да делува за да ги спречува девијантните појави.

Во Македонија има околу 700 џамии каде што верниците од исламска вероисповед ја практикуваат оваа религиска доктрина. ИВЗ постојано укажува на потребата согласно законот да и се овозможат надлежности за контрола врз случувањата во верските објекти со цел да се спречат погрешните интерпретации на исламот.