„Познавајќи ја и сакајќи ја својата вера, ние ги почитуваме и оние кои припаѓаат на друга вероисповед“, кажа поглаварот на МПЦ-ОА.
„Личноста и семејството се основните клетки на општеството. Какво ни е семејството, такво ќе ни биде и општеството. Ако ни е семејството побројно, такво ќе ни биде и општеството. А кога сме побројни, тогаш вложуваме сигурност и во опстанокот, и во иднината, вложуваме и за себе, и за потомците. Затоа, да застанеме храбро и да и` се спротивставиме на белата чума која сака да нe пороби, да нe уништи“, се вели во Велигденското послание на Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.
Во обраќањето до верниците по повод големиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), потенцира дека „живееме во време кога на младиот човек му се нудат разновидни идеи и начела, кои се спротивни на љубовта и влијаат во намалувањето на моралот и волјата за општествен придонес. Во основата на тие начела се сопствениот егоизам и личните телесни острастени уживања, при што другиот човек станува закана во реализирањето на истите. Од таквиот начин на размислување и живеење, се раѓаат нетрпеливоста, омразата и разорувањето на сe што е конструктивно“.
Поглаварот на МПЦ-ОА побара од православните вернци да му благодарат на Бога „што и годинава се удостоивме да го дочекаме и прославиме Празникот над празниците – Христовото Воскресение... Еврејскиот збор „пасха” значи „премин”, а Христовото Воскресение е премин од смрт во живот, од распадливост и временост во трајност и вечност. Светата Црква речиси повеќе од дваесет столетија му ја објавува на светот вистината за Воскресението, кое е победа на животот над смртта; ја сведочи вистината која се открива и која ќе дојде како вечен живот - како заедница на човекот со сите созданија во Христа. Токму затоа овој е Голем или Велик Ден“!
Порачувајќи им на верниците дека „познавајќи ја и сакајќи ја својата вера, ние ги почитуваме и оние кои припаѓаат на друга вероисповед“ и дека „учејќи се во верата, разбираме како да ја почитуваме слободата на другите луѓе“, г.г. Стефан во посланието наведува и дека „особено во мултиетничките и мултиконфесионалните општества, неопходно е да се развиваат толеранцијата и меѓусебното почитување. Сите верски екстремизми и фундаментализми потекнуваат од непознавањето или погрешното познавање на верата“.
Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, во честитката за празникот порача: „Нека овој голем ден донесе радост, светлина и љубов, и нека нe` мотивира за градење вистински хуманизам и искрено човекољубие кон сите наши сограѓани. Велигден е доказ дека не постојат ограничувања кои не можат да се надминат. Со верба, надеж и љубов да продолжиме во градењето на просперитетна иднина за нашата татковина“.
Во честитката на премиерот Никола Груевски, пак, стои дека „Велигден е денот што му дава значење на нашето создание, нашето постоење и нашата иднина“. Според премиерот, треба да се поткрепат семејствата со силна љубов и искрена верба, а луѓето да бидат искрени пријатели и добри соседи.
„Да и бидеме верни на нашата земја и да се вложиме себеси за нејзин успех, за нејзин напредок, за заедничка и среќна иднина, за нови успеси, за напредна, достоинствена и модерна Република Македонија“, пишува премиерот Груевски.