Дванаесет турбулентни месеци за граѓаните и за државата, исполенти со исчекување и надеж, но и со големи разочарувања и тага и понекој убав момент кој ја донесе онаа дологопосакувана среќа и насмевка на лицата.
Влеговме во 2021 година со надеж дека пандемијата на коронавирусот ќе заврши, излеговме со повеќе од пет илјади нови жртви, далеку поголемо искуство и знаење. Здравствените работници и оваа година се хероите во државата. Новоста се вакцините кои во март годинава конечно пристигнаа во државата и процесот на вакцинација. Прва, вотра, трета бустер доза...
Поддржувана и оспорувана истовремено, задолжителна за нормално социјализирање и функционирање во општеството. Ковид пасоши и потврди за вакцинација без кои не може да се влезе во кафуле, ресторан, стадион или трговски центар.
Европската унија и оваа година остана само сон за македонските граѓани. Спорот со Бугарија ексалираше, ветото стана поцврсто и се поусловено со барања од соседна Софија кои е невозможно да се исполнат. Политичарите имаа надеж и поддршка од повеќето членки, се обидуваа да избоксуваат поместување во односите, но ригидната позиција на Софија ги откажа на неодредено стартот на преговорите со Унијата.
Есента се одржаа локалните избори. За некои очекуван резултат за некои крајно разочарувачки. Владејачката СДСМ доживеа целосен пораз, опозициската ВМРО – ДПМНЕ го врати Скопје под своја команда, а ДУИ победи во албанскиот блок.
Она што следуваше предизвика поголем потрес од резултатите на изборите.
Опозицијата експресно побара предвремени избори, а Заев го најави идниот претседател на СДСМ и мандатар – Димитар Ковачевски. Очекувано тој го доби и мандатот за составување на нова влада во која по една година се враќа партијата Алтернатива.
2021 година ќе остане долго запаметена по две страшани трагедии.
На 8 септември, денот кога требаше да се прослави независноста, државата се зави во црно. 14 лица загинаа во катастрофалниот пожар во која за само неколку минути целосно изгоре модуларната болница во Тетово. Причина за пожарот спој во продолжен кабел на кој бил приклучен дефибрилатор со која спасувале живот на млада пациентка. Раководството на болницата и министерот Филипче и заменикот Хасани понудија оставки кои не беа прифатени.
На 23 ноември повторно шок и тага во Северна Македонија. 44 лица, меѓу нив петнаесетина деца, изгореа во автобус кој се запали на автопат во Бугарија во близина на Софија. Истрагат откри голем број на пропусти на надлежните органи кои требало да го контролираат работењето на агенцијата која го вршела превозот. Истрагата на бугарското обвинителство вината за сообраќајната незгода ја лоцираше кај возачите.
Во август се случија катастрофалните пожари во кои изгореа десетици илјади хектари шума. Кочани, Пробиштип и Берово беа на граница да бидат збришани од мапата. Само херојскиот напор на пожарникарите и населението а потоа и на стотината пожарникари кои дојдоа на помош од повеќе држави од Европа и светот спасија да се случи уште поголема катастрофа. Природата во источиот дел на државата повеќе нема да биде никогаш иста.
Но не беше се така црно во 2021 година а за тоа се погр
Македонските фудбалери загираа на едно големо натпреварување. Иако без победа но со солиден впечаток. Десетина дена граѓаните беа во фудбалска еуфорија, ги бодреа репрезентативците предводени од безвременскиот Пандев и селекторот Ангеловски.
По две децении македонските спортисти донесоа олимписки медал дома. Среброто светна на градите на македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски во Токио.
Во 2021 година, исто така по пауза од речиси дваесет години успеавме да се преброиме. Државниот завод за статистика спроведе попис повторно од некои оспоруван, од некои бојкотиран. Колку сме ќе знаеме за три месеци.
Во 2022 година граѓаните влегуваат со надеж дека на пандемијата конечно ќе и биде ставен крај и животот ќе се врати во барем во привидна нормала, спорот со Бугарија ќе биде решен и ќе се отвори патот кон ЕУ а дома ќе се живее подобро и достоинствено со повисок стандард и повисоки плати.