Единственото место каде што нема да може да се види овој феномен е Северна Америка
ВАШИНГТОН —
Последното затемнување на Месечината оваа година ќе се случи утре вечер. Делумното затемнување ќе може да се види во Јужна Америка, Европа, Африка, Азија и во Австралија. Единственото место каде што нема да може да се види овој феномен е Северна Америка.
Затемнувањето се случува само за време на полна Месечина, бидејќи тоа е единствен момент кога Месечината може да биде директно спротивно од Сонцето.
Претходното затемнување се случи во јануари годинава, и беше видливо од двете Америки, како и во делови во Европа и Африка.
Следните четири затемнувања во 2020 година ќе бидат послаби од делумното или целосното затемнување. Целосно затемнување на Месечината, пак, нема да се слулчи до мај 2021 година.