Обама: Објавените воени документи од Авганистан не откриваат ништо ново

Обама во вторник кажа дека иако предавањето на чувствителни армиски информации е прашање за загриженост, документите не генерирале информација по која не било постапено во неговата нова воена стратегија имплементирана минатата година.

Американскиот претседател Барак Обама вели дека илјадниците објавени документи за војната во Авганистан предводена од САД не претставуваат ништо што ново.

Документите што се однесуваат на последните шест години од авганистанската војна беа објавени во недела од веб-страницата ВикиЛикс. Во нив има детали за цивилни жртви наводно предизвикани од коалициони сили како и обвинувања за пакистанската разузнавачка служба дека поддржува некои од бунтовничките групи кои оперираат во Авганистан.

Претседателот Обама на новинарите во Белата куќа им кажа дека според новата стратегија, САД во голема мерка ја зголемиле својата определба за Авганистан и инсистира на поголема одговорност од земјата и нејзиниот сосед Пакистан.

Во вторник, авганистанскиот Национален безбедносен совет кажа дека објавените документи покажуваат дека САД ја игнорирала пакистанската улога во авганистанското бунтовништво.

Во соопштение кое се однесува на Пакистан, авганистанскиот совет наведува дека недостигот на јасна американска политика кон силите што употребуваат тероризам довело до катастрофални резултати.Шефот на советот и советникот за авганистанска национална безбедност Рангин Дадфар Спанта подоцна го постави прашањето за американската помош на Пакистан, велејќи дека „не може да се оправда“ тоа што САД на Пакистан дале 11 милијарди долари за обнова и обезбедување за да видат „тие исти сили како обучуваат терористи“.

Портпаролот на пакистанското Министерство за надворешни работи ги отфрли наводите дека неговата држава поддржува елементи на авганистанското бунтовништво.

Американски официјални лица велат дека е покрената истрага за тоа кој ги дал класифицираните документи. Еден армиски претставник кажа дека може да минат „денови, ако не и недели“ пред да се утврди како документите кои дошле на интернет може да имаат влијание на живототе на американскиот воен персонал и на коалиционите партнери.

Американскиот претседател Барак Обама вели дека илјадниците објавени документи за војната во Авганистан предводена од САД не претставуваат ништо што ново.

Обама во вторник кажа дека иако предавањето на чувствителни армиски информации е прашање за загриженост, документите не генерирале информација по која не било постапено во неговата нова воена стратегија имплементирана минатата година.

Документите што се однесуваат на последните шест години од авганистанската војна беа објавени во недела од веб-страницата ВикиЛикс. Во нив има детали за цивилни жртви наводно предизвикани од коалициони сили како и обвинувања за пакистанската разузнавачка служба дека поддржува некои од бунтовничките групи кои оперираат во Авганистан.

Претседателот Обама на новинарите во Белата куќа им кажа дека според новата стратегија, САД во голема мерка ја зголемиле својата определба за Авганистан и инсистира на поголема одговорност од земјата и нејзиниот сосед Пакистан.

Во вторник, авганистанскиот Национален безбедносен совет кажа дека објавените документи покажуваат дека САД ја игнорирала пакистанската улога во авганистанското бунтовништво.

Во соопштение кое се однесува на Пакистан, авганистанскиот совет наведува дека недостигот на јасна американска политика кон силите што употребуваат тероризам довело до катастрофални резултати.

Шефот на советот и советникот за авганистанска национална безбедност Рангин Дадфар Спанта подоцна го постави прашањето за американската помош на Пакистан, велејќи дека „не може да се оправда“ што САД на Пакистан дале 11 милијарди долари за обнова и обезбедување и да видат „тие исти сили како обучуваат терористи“.

Портпаролот на пакистанското Министерство за надворешни работи ги отфрли наводите дека неговата држава поддржува елементи на авганистанското бунтовништво.

Американски официјални лица велат дека е покрената истрага за тоа кој ги обезбедил класифицираните документи. Еден армиски претставник кажа дека може да минат „денови, ако не и недели“ пред да се утврди како документите кои дошле на интернет може да имаат влијание на живототе на американскиот воен персонал и на коалиционите партнери.