Хотелот се согласи да плати помеѓу 735 и 800 милиони долари за жртвите при масовно пукање на концерт во 2017 година
ВАШИНГТОН —
Адвокатската фирма, која ги застапуваше семејствата на жртвите во најголемото масовно пукање во историјата на Лас Вегас, соопшти дека е постигнат договор за отштета со хотелот.
Хотелот се согласи да плати помеѓу 735 и 800 милиони долари за жртвите во 2017 година, кога при пукање на концерт беа убиени 58 лица, а стотици други повредени.