Белата куќа соопшти дека нема информација за потенцијални закани со кои се соочуваат САД пред првата годишнина од убиството на лидерот на ал-Каида Осама бин Ладен, во Пакистан.
Прес-секретарот на Белата куќа Џеј Карни на новинарите им кажа дека „во овој момент немаме кредибилна информација дека терористички организации, вклучувајќи ја ал-Каида, прават заговори за напади на САД да коинцидираат со годишнината на смртта на бин Ладен“.
Но, тој нагласи дека сојузниците на ал-Каида и нивните филијали „остануваат со намера да изведуваат напади на домашна почва, можно за одмазда на смртта на бин-Ладен, но не задолжително врзани со годишнината“.