Се вели во најновиот извештај на Одделот за труд
Стапката на невработеност во август незначително се зголемила, со нешто помал број нови работни места од предвидувањето на бројни економисти, се наведува во денешниот извештај на Одделот за труд.
Во него се додава дека невработеноста пораснала за една десетина од процентот и сега изнесува 4,4 проценти.
Во САД за месец август биле отворени вкупно 156.000 работни места, што е за 10-тина илјади помалку, споредено со јули.
Економистите кои го следат нивото на невработеност, велат дека ураганот Харви немал „директно влијание“ на овие бројки, бидејќи податоците биле добиени пред невремето.