Мирот и обединетоста во државата се поважни од каква било функција, рече тој
ВАШИНГТОН —
Претседателот на Киргистан Соронбај Женбеков поднесе оставка по масовните протести против официјалните резултати на парламентарните избори, на кои победија политички партии поврзани со него и неговата Влада.
Во изјава денес, тој рече дека одлучил да даде оставка бидејќи мирот и обединетоста во државата биле поважни од каква било функција.
„Не сакам да ме паметат во историјата на Киргистан како претседател кој поттикнал крв и ги убивал неговите граѓани“, рече тој.
Тој нагласи дека демонстрантите и полицијата се на раб на судир, и оти треба да се избегнат провокации.