Крастев: Европа не може да ја држи Македонија надвор од ЕУ

Your browser doesn’t support HTML5

Членството во ЕУ зависи од политичката динамика на земјите -членки, кои и самите се соочуваат со криза

Во Центарот за стратегиски и меѓународни студии во Вашингтон беше промовирано најновото дело на бугарскиот автор, Иван Крастев - „По Европа.“

Мигрантската криза во моментов е критичен фактор кој ја изложува Европската унија на ризик од дезинтеграција оценува Иван Крастев:

„Не заради тоа колкав број лица пристигнале во Европа, туку каков беше ефектот врз политичката имагинација, слично како што нападите од 11 септември имаа врз политичката имагинација во САД.“

Тој својата теза ја поткрепува со фактот дека популистичките партии вообичаено имаат најголема поддршка од регионите кај што има најмалку бегалци.

Крастев смета дека со надминувањето на политичката криза во Македонија се создава шанса за евро интеграција, но на крај се зависи од политичката динамика на земјите членки на Унијата, кои и самите се соочуваат со криза:

„Верувам дека има момент за Македонија. Тоа се заснова на две нешта. Прво Европската унија сфати дека не може да ја држи државата во неизвесност, дел затоа што тоа создава домашни проблеми. Второ соседите почнуваат да разбираат дека криза во Македонија не е во нивни интерес. Во тој контекст е постигнувањето на македонско-бугарскиот договор. Има гласини дека Грција го преразгледува ставот што е во нивни најдобар интерес во однос на Македонија. Оттаму мислам дека Македонија е во поодбра позиција отколку што беше пред кризата.“

Осврнувајќи се на неодамнешниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Скопје и Софија, Крастев со став:

„Мислам дека владите на Бугарија и Македонија во момент на криза покажаа позитивно расположение и покажаа дека можат да постигнат конструктивен договор. Во овој момент на тоа гледам како на позитивен процес за двете држави.“

Тој предупредува дека Балканот останува ранлив регион, податлив на надворешни влијанија:

„Русија или било кој може да го дестабилизира регионот, без воена сила, едноставно инструментализирајќи ги постојните етничките и религиозните конфликти и слабостите на балканските земји.“