Кралскиот замок Балморал отворен за јавноста

Your browser doesn’t support HTML5

Замокот Балморал кој кралското семејство го користи како одморалиште ги отвори вратите за јавноста за прв пат во својата историја. За прв пат по завршувањето на замокот во 1855 година, посетителите ќе можат да го видат кралскиот живот во шкотските висорамнини.

Замокот Балморал кој кралското семејство го користи како одморалиште ги отвори вратите за јавноста за прв пат во својата историја.

За прв пат по завршувањето на замокот во 1855 година, посетителите ќе можат да го видат кралскиот живот во шкотските висорамнини.

Среќните кои успеале да купат билет од 100 фунти (127 долари) ќе можат да уживаат во седум од собите на замокот со водич.

На 40 посетители дневно ќе им биде дозволено да ја обиколат резиденцијата, а дневните тури ќе продолжат до 4 август.