Ковачевски го призна поразот, најави реформи во СДСМ

Димитар Ковачевски

Лидерот на СДСМ го призна големиот пораз и ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори и на Гордана Силјановска-Давкова за претседател на државата. Димитар Ковачевски, во емотивен говор, прозборе и за состојбите во партијата, најави барање на изворот на проблемите кои довеле до ваквиот поразителен резултат. Тој, исто така, призна дека државата има огромни проблеми – корупција, непотизам, етнички професионализам, непотизам... Рече дека земјата се соочува дефекти во системот кои ја разјадуваат одвнатре.

Your browser doesn’t support HTML5

Ковачевски го призна поразот

„Ја честитам изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ, честитам за изборот на сите 120 паретници во Собранието. Го честитам изборот на Силјановска-Давкова за претседател на државата и се надевам дека функцијата ќе ја извршува во согласност на уставните овластувања и евроатлантската ориентација на земјата. Му благодарам на нашиот кандидат Стево Пендаровски, како и на нашите поддржувачи кои излегоа на изборите и овозможија да се исполни цензусот за изборите. Најлесно ќе беше да не го мобилизиравме нашето гласачко тело, но не паднавме во таа замка и покажавме дека Македонија ни е најважна. Денешниот резултат еразочарувачки, на СДСМ му е зададен силен удар. Во наредниот период детално ќе ги анализираме резултаите и ќе треба да го најдеме изворот на овој поразителен исход. Не сакам да носам избрзани заклучоци и да посочувам виновници. Јас и раководсдтвото на партијата имаме одговорност како и сите партиски функционери. Никој не е без одговорност. Водев сметка да не наштетам на државните интереси и затоа се одлучив сега, по крајот на изборите, да ја кажам вистината со која живеам 2 години. Таа е дека живееме во земја која има дефекти во системот кој мора дасе промени“, рече Ковачевски.