Косово го распушти Собранието, предвремени избори септември или октомври

Според собранискиот портпарол, 89 од 120 парламентарци гласале за негово распуштање

Законадвците во Косово денес гласаа за распуштање на Парламентот, со што го отворија патот претседателот Хашим Тачи да распише предвремени избори, по оставката на премиерот Рамуш Харадинај.

Според собранискиот портпарол, 89 од 120 параламентарци гласале за распуштање на Парламентот.

Изборите се очекува да се одржат на крајот на септември или почетокот на октомври годинава.