Колумбиската влада и бунтовничката група се согласија да го продолжат примирјето

Договорот го продолжува пактот меѓу владата и бунтовничката група до август.

Колумбиската влада и борците со бунтовничката група на Ослободителната национална армија се согласија да го продолжат актуелниот прекин на огнот за уште шест месеци додека преговараат за мировен договор.

Договорот беше објавен во вторникот во Хавана, каде што преговарачите ја одржуваа шестата рунда мировни преговори. Бунтовничката група ќе ги суспендира киднапирањата за откуп според договорот.

Првичниот пакт за прекин на огнот беше постигнат минатиот август. Истече минатата среда, но двете страни се договорија да го продолжат за пет дена.

Колумбискиот претседател Густаво Петро ја презеде функцијата во 2022 година, ветувајќи дека ќе стави крај на шестдецениската војна меѓу владата и бројните вооружени групи во кои загинаа повеќе од 450.000 Колумбијци.

Владата постигна историски мировен договор со Револуционерните вооружени сили на Колумбија во2016 година.

Преговорите меѓу бунотвничката група и владата за малку ќе пропаднаа кога бунтовничката група го киднапираше таткото на колумбиската фудбалска ѕвезда Луис Дијаз и го задржа неколку дена.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес, Ројтерс, агенцијата Франс прес.