Колорадо стана популарна дестинација за странски студенти во САД

Your browser doesn’t support HTML5

Западната сојузна држава Колорадо е популарна дестинација за странски студенти. Државниот универзитет во Колорадо во Форт Колинс е еден од најголемите во државата. Известува Свитлана Пристинска. 

Дастин Морено од Панама одлучи дека американското образование ќе му помогне да ги реши проблемите во земјоделскиот сектор во неговата земја.

„Решив да дојдам во Америка за да магистрирам бидејќи има еден од најсилните универзитети во земјоделските науки, воопшто. Овде сум и поради англискиот. Знам дека англискиот е комерцијалниот јазик што го зборуваме насекаде“, вели Морено.

Морено беше загрижен дека процесот на прием ќе биде тежок. Но, тој вели дека Универзитетот помогнал преку двонеделен курс по англиски јазик кој е наменет за странски студенти пред нивните студии.

Морено студирал наука за трева на Државниот универзитет во Колорадо и планира да го искористи своето знаење за да се справи со проблемите во земјоделскиот сектор во Панама. Меѓу нив, тој вели дека Панама нема висококвалитетна почва.

Има периоди на обилни врнежи од дожд, а планинскиот терен ограничува какви култури може да се засадат.

„Кога бев во Панама, забележав дека големиот проблем што го имаме е справување со тревата. Го видов тоа како можност да го проучам. Универзитетот во Колорадо има една од најсилните програми во науката за плевелите во САД. Планирам да се вратам во мојата земја и да останам таму да работам“, додава Морено.

Универзитетот помага да се подготват студентите за можностите за работа во САД и на други места со фокусирање на програми по англиски јазик.

„Предавањето англиски е најголемата привилегија во мојот живот. Отвора многу можности за моите студенти, им нуди предности - економски, академски, научни. Создава и огромна бариера доколку немате познавање за професионален англиски јазик“, посочува Лорел Бонд, од одделот за Интернационални програми на државниот универзитет во Колорадо.

Лорен Кинтер е директорка на универзитетските програми за учење академски и англиски јазик во заедницата, или Плејс, што им помага на странските студенти да се прилагодат на животот во кампусот.

„Обезбедување можност за студентите не само да го подобрат своето владеење на јазикот, туку ѝ да им помогнат вистински да стекнат образованието - исто така е културен пристап. Студентите треба да бидат способни целосно да се интегрираат во заедницата“, додава Кинтер.

Морено вели дека студирањето во САД исто така, помогнало да ја изгради неговата самодоверба.

„Верувај во себе. Знам дека понекогаш е тешко. Ќе почувствувате дека не можете да направите нешто, но сигурно можете да успеете“, посочува Морено.

Во текот на академската 2023 година, Кампусот на Државниот универзитет во Колорадо вклучуваше странски студенти од речиси 30 земји.