Коалиција „Вреди“: Ќе ги затвориме казината и обложувачниците а државните компании ќе им ги вратиме на граѓаните

Your browser doesn’t support HTML5

Коалицијата „Вреди“ од албанскиот опозициски политички блок, во која се партиите „БЕСА“, „Алтернатива“, Демократско движење“, крилото на Таравари и претставникот на косовското движење „Самоопределување“ ја почнаа кампањата за парламентарните избори од Скопје, од плоштадот Скендербег

Државните компании и јавните претпријатија ќе се вратат во рацете на граѓаните кои ше станат сопственици на 49 отсто од акциите со што ќе се подигне и стандардот на населението и економијата, затварање на казината и обложувачници, забрана за брзи кредити и враќање на долговите на граѓаните како и поголеми овластувања и моќ на локалната власт е една од клучните мерки во предизборната програма на Коалицијата „Вреди“.

Лидерите на политичките партии во Коалицијата повикаа на што поголем одзив и поддршка на кандидатот за претседател Арбен Таравари во првиот круг избори на 24 април.