Коалиција „Вреди“: Како втор човек во државата Гаши има право да го прати своето обезбедување на аеродромот

Your browser doesn’t support HTML5

Според „Вреди“ тој на барање на косовската претседателка Вјоса Османи го испратил својот шеф на обезбедување да види што се случува и тоа не било мешање ниту во надлежностите на МВР ниту во оние на аеродромот односно компанијата „ТАВ“.

Кога станува збор за интерпелацијата за Гаши која ја поднесе партијата „Левица“ според собранискиот деловник треба да се најде на следната седница на Собранието која треба да ја закаже токму спикерот Гаши. Она што е јасно е дека интерпелацијата би се разгледувала кон крајот на овој или почетокот на идниот месец бидејќи сега приоритет е ребалансот на Буџетот а и опозициските партии немаат усогласен став околу интерпелацијата.

Рокот од шест месеци за отвoрање на Уставот и внесување на Бугарите кој коалицијата „Вреди“ го стави како услов за коалицирање во Владата повеќе не важи. Иако уставните измени и продолжување на преговорите со ЕУ беа приоритет во предизборието, сега тие може да почекаат а од „Вреди“ велат дека не станува збор за притисок од партнерот во Владата – ВМРО – ДПМНЕ туку поради политичката нестабилност во Бугарија и претстојните избори, седми во изминатите три години во соседната држава.