Кинески авиони повторно го надлетуваат Тајван

Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти дека 38 кинески борбени авиони и еден беспилотен авион ТБ-001 надлетувале над островот.

Деветнаесет од авионите прелетаа преку средната линија што го дели островот Тајван од континентална Кина, стои во соопштението на Министерството.

ТБ-001 е еден од најголемите дронови во Кина.

Се смета дека приказите на кинеските авиони се начин на Кина да се обиде да го заплаши Тајван.

Во април, кинески авиони надлетуваа по средбата на тајванскиот претседател Таси Инг-вен со претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти во Калифорнија.

Кина се противи на какви било официјални владини состаноци со Тајван.

Тајван и Кина се разделија во 1949 година по граѓанската војна. Тајван никогаш не бил дел од Народна Република Кина, но Кина е решена дека самоуправниот остров ќе биде дел од земјата, на сила, доколку е потребно.

Информациите за овој извештај се од Асошиетед прес и Франс прес.