Меѓу младинските бендови што маршираат во градот, се издвојува тимот наречен „Дрил Тим“ кој го сочинуваат девојки од кинеската заедница во Сиетл. Облечени во спектакуларни костими на кантонски оперски жени-воини, десетици девојки маршираат на звукот на тапаните на парадата на градскиот кинески кварт.
„Имаме офицерки, капетанки и поручнички. Капетанот ја избира вежбата во зависност од просторот каде маршираат. Поручниците ја повторуваат командата и се почнува со нејзино изведување.“
Сите 30 актуелни членови на на тимот, почнувајќи од петтоодделенци до бруцоши, се очекува да следат сложени формации - облечени во украсни униформи кои тежат и повеќе од 3,5 килограми.
„Натешкиот дел е носењето на костимите. Тешки се и непријатни во многу делови. Но, најзабавниот дел се ваквите искуства, градењето сестрински однос“.
Групата беше главен дел од животот на генерации ученички во кинескиот кварт во Сиетл. Петнаесетгодишната Андреа Канг вели дека вежбите во саботите се семејна традиција.
„Мајка ми беше во „Дрил Тим“ во средно училиште. Ме зачлени кога бев мала“.
За капитенот на „Дрил Тим“, Колин Мекисон, нејзината посвоена мајка и предложила да се придружи како начин да ги научи традициите што ги нема во нејзиниот нов дом.
„Знаев дека сум Кинезинка; Знаев дека не сум белец. Но, го немав чувството за културата. Приклучувањето кон тимот ми помогна да го почувствувам тој идентитет.“
За ветеранка на „Дрил Тим“ тоа е доживотна заложба.
((Lorena Eng, Uniform Manager
Ова е фотографија на оригиналниот „Дрил Тим“ направена во 1952 година... Ова е мајка ми, а ова е тетка ми...“
„Татко ми беше многу традиционален. Тој рече дека девојчињата одат на училиште и на факултет за да имаат нешто интелигентно да им кажат на своите сопрузи кога ќе се вратат од работа. Во кинескиот „Дрил Тим“, ги запознав сите мои најблиски пријателки и би направиле речиси сè една за друга.“
Никој повеќе не очекува девојките да останат дома, но главната инструкторка на тимот, Сју-Меј Енг, вели дека основните вредности што го направија ова безбедно место кога започнал, остануваат исти и денес: семејство, образование и општествено корисна работа.