Кина известува дека инфекциите со човечки метапневмовирус сличен на грип како (ХМПВ) - се намалени во северниот дел на земјата. Во последните недели, извештаите за зголемени случаи на вирус во земјата каде што започна Ковид-19 предизвикаа загриженост за уште една потенцијална пандемија.
„Меѓународните научници ја повикуваат Кина да објави информации за патогенот и да спроведе генетско истражување за да потврди дека не е нов вирус. Дури и ако е стар вирус, сепак може да биде појава на нова варијанта“, вели докторката Хо Меи Шанг од Институтот за биомедицинска наука.
Овој вирус (ХМПВ) постои барем од 2001 година.
„Тоа е многу чест вирус што го гледаме секоја година. Повеќето деца на возраст од пет години веќе прележале. Тоа е вирус кој ќе предизвика симптоми како насолзени очи, кашлица, кивање, затнување на дишните патишта“, вели докторот Томас Дужински од Институтот за јавно здравје, при Универзитетот во Индијана.
Додека (ХМПВ) може да предизвика сериозни болести кај деца под пет години и кај постари возрасни лица со други здравствени проблеми, тоа е обично е блага болест за повеќето луѓе.
„Тоа не е ни приближно толку сериозно како грипот или Ковид. ХМПВ е тука долго време, и има заразени милиони луѓе, кои веќе имаат имунитет. Не се работи за сосема нов вирус што може да предизвика катастрофални проблеми“, објаснува докторот Пол Аурвартер од Факултетот за медицина при Универзитетот “Џонс Хопкинс“.
Кинеските здравствени власти велат дека бројот на пациенти кои бараат медицинска помош е помал во споредба со истиот период, лани. Аурвартер вели дека Кинезите можеби се поподложни на ХМПВ бидејќи Кина воведе построги карантини во времето на Ковид, отколку, на пример, Соединетите држави, за време на пандемијата.
„Тие останаа дома, не одеа на работа, носеа маски. Вообичаените циклуси на стекнување инфекција, на пример, за време на респираторната сезона на зимата, луѓето не се заразуваа, имунитетот не им беше зајакнат, но затоа има поголема популација која може да биде поотпорна“, вели Аурвартер.
Не постои вистински третман или вакцина за човечкиот метапневмовирус. Лекарите велат дека сите пациенти кои имаат проблеми со дишењето треба да побараат лекарска помош.