Федерален судија привремено ја стопира изградбата на нафтоводот „Кистон Икс-Ел“, чија вредност се проценува од околу осум милијарди долари.
Американскиот окружен судија Брајан Морис рече дека се потребни понатамошни анализи за можното влијание на проектот врз животната средина.
Судската наредба беше изречена оти компанијата „Транс Канада“ со седиште во Калгари, се подготвуваше да започне со изградба на гасоводот во северниот дел на сојузната држава Монтана.
Судијата Морис кажа дека владата мора да обезбеди „нови релевантни информации во врска со ризикот од излевање на нафта.“ Тој рече дека анализата на владата, исто така, не ги вклучува ефектите од испуштање јаглеродни гасови, како и за одржливоста на гасоводот.
Гасоводот, кој е долг 1.900 километри, е дизајниран да пренесува до 830.000 барели нафта од Алберта, Канада до Небраска, каде потоа ќе се поврзе со постоечките нафтоводи кои одат до рафинериите на САД.
Во 2015-та година, администрацијата на Барак Обама ја отфрли идејата за изградба на нафтоводот, но, администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја поништи одлуката, велејќи дека гасоводот е побезбеден од другите методи што се користат за транспорт на нафта.
Изградбата на гасоводот предизвика протести од Домородните Американци и групите за заштита на животната средина, кои велат дека проектот може да го загади водоснабдувањето.