Зборувајќи во Давос, Швајцарија, американскиот државен секретар кажа дека двете страни имаат многу да добијат ако се постигне мир.
Американскиот државен секретар Џон Кери вели дека „одамна минало времето кога Израелците и Палестинците биле познати по тоа што можат да креираат наместо по конфликтите што ги предизвикуваат.“
Зборувајќи на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, во петок, Кери кажа дека двете страни имаат многу да добијат ако се постигне мир. Тој кажа дека Палестинците можат да станат господари на нивната судбина, развивајќи ја нивната економија со нови работни места, и дека Израелците можат да уживаат ново ниво на безбедностдобивајќи нови економски партнериниз Блискиот исток што ја признаваат нивната држава.
Кери кажа дека двете страни ќе видат голем економски напредок од експлозијата на туризам во областа, која е богата со антички и религиозни значајни места.
Државниот секретар во петок додаде дека „денешното статус кво нема да трае вечно“ и дека неуспехот само ќе ги охрабри екстремистите.
Кери направи неколку патувања во Израел и на палестинските територии за да ги убеди лидерите на двете стр5ани да се согласат на рамковниот договор. Мировниот договор, вели тој ќе биде „значителен пробив.“