Американскиот државен секретар во амбасадата на САД во Ријад кажа дека претстои дискусија за односите на двете држави да бидат на вистинска патека.
Американскиот државен секретар Џон Кери се среќава со саудискиот Крал Абдула во обид да ги смири дипломатските врски затегнати заради разликите во врска со американската политика спрема Сирија и Иран.
Пред средбата во понеделник, Кери ја нарече Саудиска Арабија „важен играч“ во Арапскиот свет. На вработените во американската амбасада во Ријад тој им кажа дека двете нации имаат за дискусија важни прашања со цел да обезбедат нивниот однос да биде на „права патека“.
Тој исто така ја повтори американската позиција дека на Иран нема да му биде дозволено да дојде до нуклеарно оружје.
Еднодневната посета вклучува разговори со саудискиот Министер за надворешни работи, Принцот Сауд ал-Фаизал.
Саудиска Арабија, која ги поддржува бунтовниците на Сунитски Муслимани кои се борат за соборување на сирискиот претседател Башар ал-Асад, изрази загриженост дека предложените сириски мировни разговори предложени од Вашингтон може да ја остават владата поддржана од Иран на власт во Дамаск.. Саудиските лидери исто така се загрижени заради неодамнешните американски потези спрема стратешкиот саудиски ривал, Иран.