Кери заминува на Западниот Брег за средба со Абас

Продолжението на патувањето дојде откако американски претставници кажаа дека Израелците и Палестинците ги намалиле меѓусебните разлики.
Американскиот државен секретар Џон Кери се упати кон Западниот Брег за нова рунда разговори со палестинскиот претседател Махмуд Абас, со цел да се продолжи притисокот за оживување на израелско-палестинските мировни разговори.

Кери се сретна со главниот палестински преговарач Саеб Ерекат во Јордан порано во петокот. Потоа тој ќе патува назад во Вашингтон.

Продолжувањето на неговото патување дојде откако американски претставници кажаа дека Израелците и Палестинците ги намалиле меѓусебните разлики.

Но двете страни се јавува дека се` уште имаат несогласување во врска со рестартирањето на разговорите, кои колабираа во 2010 во врска со израелското градење на населби на земјиште што го заплениле за време на војната во 1967.

Палестинците бараат израелски гаранции за генералната граница на идната палестинска држава пред да се согласат на одржување на разговорите. Израел сака разговорите веднаш да започнат и одби концесии пред тоа.