Кери притиска за мир на Блискиот исток

Американскиот државен секретар Џон Кери се сретна со претставници на Арапската лига за дискусија по неговите напори за оживување на израелско-палестинските мировни разговори.
Средбата во Аман, Јордан, исто така ги покри и растечките тензии во Египет и тековната криза во Сирија.

Кери подоцна во среда треба да се сретне и со јорданскиот крал Абдула, и размислува за можна посета на сириски бегалски камп. Тој би бил највисокиот по ранг американски претставник во лична проценка на бегалската ситуација, која направи притисок врз земји-домаќини како Јордан.

Кери го посетил регионот шест пати откако станал Државен секретар на САД, порано годинава.