Меѓународно признатата влада се соочува со предизвици од ривалските фракции, како и од милитанти поврзани со Исламската држава
Новата влада на Либија и нејзините безбедносни предизвици е во фокусот на дипломатите кои се состануваат во Виена.
Државниот секретар Џон Кери и неговиот италијански колега, Паоло Џентилиони, се ко-домаќини на сесијата чија цел е поддршка за Владата на национален договор, за која западните сили се надеваат дека ќе ја обединат Либија.
Меѓународно признатата влада се соочува со предизвици од ривалските фракции, како и од милитанти поврзани со Исламската држава.
Шефот на американската дипломатија се фокусира и на мултинационалниот напор за стабилизирање на конфликтот на Кавказ, околу регионот Нагорно Карабах.