Четириесет и седум години од атентатот на претседателот Кенеди

Четириесет и седум години од атентатот на претседателот Кенеди

Ли Харви Освалд ги испукал фаталните куршуми но никогаш за делото не одговарал пред суд зашто самиот бил убиен

Кенеди, најмладиот избран американски претседател, беше убиен од истрели на огнено оружје на 22 ноември, 1963 додека се возел во автомобил со отворен покрив на посета на Тексас. Имал 46 години.

Неговата сопруга Жаклина била крај него кога го се случил атентатот.

Кенеди бил прогласен за мртов во болница во Далас, и потпретседателот Линдон Џонсон дал заклетва на претседателската функција истиот ден.

Атентатот останува голем историски момент на кој живо се сеќаваат многу Американци.

Истрагата заклучи дека Ли Харви Освалд ги испукал фаталните куршуми. Тој бил уапсен кусо време по пукањето, но никогаш не излегол пред суд. Два дена по атентатот. Сопственикот на ноќен клуб во Далас, Џек Руби пукал во Освалд и го убил додека бил пренесуван низ полициска гаража.

Смртта на Кенеди поттикна теории на заговор, со сомнеж во официјалното објаснување на смртта на претседателот.

Неговото тело било вратено во Вашингтон и погребано на Националните гробишта во Арлингтон, во близина на главниот град. Траен оган гори на неговиот гроб.

Семејството Кенеди остана предмет на јавен интерес.